Општина Могила
општина во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Могила — општина во Пелагонискиот Регион, во југозападна Македонија. Создадена е со територијалната поделба од 1996 година, а со новата територијална организација предвидена со законот од 2004 година, кон поранешната општина Могила е припоена и Општина Добрушево.
Кратки факти Општина Могила, Држава ...
Општина Могила | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Могила | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Драганчо Саботковски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 251,2 км2 (97,0 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 5.283 | ||
• Густина | 21/км2 (54/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +047 | ||
Регистарски таблички | BT | ||
Мреж. место | mogila.gov.mk |
Затвори
На север граничи со трите општини Демир Хисар, Крушево и Кривогаштани, на југ и на запад со Општина Битола, а на исток и југоисток со општините Прилеп и Новаци. Центар на општината е селото Могила.