Општина Чашка
општина во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Чашка — општина во Вардарскиот Регион, во средишниот дел на Македонија. Градоначалник е Горан Стојановски. Административен центар на општината е истоименото село.
Кратки факти Општина Чашка, Држава ...
Општина Чашка | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Чашка | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Горан Стојановски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 819,45 км2 (316,39 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 7.942 | ||
• Густина | 9,7/км2 (25/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +043 | ||
Регистарски таблички | VE | ||
Мреж. место | caska.gov.mk |
Затвори
Општината била изменета со новата територијална поделба на Македонија по донесениот закон во 2004 година. Денешната општина ги вклучува двете поранешни општини Богомила и Извор, како и одредени делови од Општина Велес.
Општина Чашка се граничи со Општина Зелениково и Општина Студеничани на север, Општина Македонски Брод и Општина Долнени на запад, Општина Кавадарци и Општина Прилеп на југ и Општина Велес и Општина Градско на исток.