Орфеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Орфеј (старогрчки: Ὀρφεύς) бил легендарен музичар, поет и пророк во античката грчка религија и митови. Главните приказни за него се поврзани со неговата способност да ги привлече сите живи суштества, па дури и камењата со својата музика, неговиот обид да ја врати својата жена, Евридика од подземниот свет).[1] и неговата смрт од рацете на тие кои не можеле да ја слушаат неговата божествена музика. Како архетип на инспирираниот пејач, Орфеј е една од најзначајните фигури во приемот на класичната митологија во Западната култура, прикажан или споменат во бројни форми на уметноста и популарната култура вклучувајќи ги поезијата, операта и сликањето. Така, во своето дело „Метаморфози“, Овидиј го опишува слегувањето на Орфеј во подземниот свет, каде со своето свирење ги восхитил Плутон и Персефона, кои му ја вратиле Евридика. Исто така, овој мотив е често обработуван во музиката (Глук, Офенбах) и во сликарството (Пусен).[2] ).[1]
За Грците, Орфеј бил основач и пророк на таканаречените „Орфејски“ мистерии. Тој е заслужен за композицијата на Орфејските химни, збирка која преживеала до ден-денес.[3] Светилиштата кои наводно ги содржеле моштите на Орфеј се сметале за пророштва. Некои старогрчки извори наведуваат дека Орфеј имал тракијско потекло.[4]