Островско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Островско Езеро (грчки: Βεγορίτιδα, Вегоритида) — езеро во Егејска Македонија, денес во Грција, дел од групата на Егејските езера. Понекогаш се среќава и под името Свети Панталејмон.
Островско Езеро Βεγορίτιδα | |
---|---|
Карта на Островското и Петерското Езеро | |
Координати | 40.75° СГШ; 21.78° ИГД / 40.75; 21.78 |
Сливни земји | Грција |
Најг. должина | 14,8 км |
Најг. ширина | 6,9 км |
Површина | &1000000000000543100000054,31 км2 |
Најг. длабочина | 70 м |
Надм. височина | 543 м |
Населени места | Острово, Пателе |
Езерото зафаќа дел од териториите на Леринскиот и Постолскиот округ. Во североисточниот дел на Островската Котлина меѓу планините Ниџе на север и Каракамен на југ. Надморска му висина изнесува 543 м. Тоа е едно од најдлабоките езера во Грција. Неговата површина е многу намалена по изградбата на две хидроцентрали кај Суровичево и Теово, така што денес неговиот југозападен дел е наполно пресушен. Езерото се полни од Петерското Езеро, западно од него, како и од реките Биралска, Ословска и Делова (Аспропотамос) и некои други помали рекички.
Езерското подрачје има повеќе населени места кои припаѓаат на општините Воден и Суровичево. Покрај градот Острово (Арниса) и селото Чеган од неговата северна страна, по крајбрежјето се сместени селото Пателе (Агиос Пантелејмонас) од западната и селата Коларица (Мањаки), Уклемеш (Фаранги) и Кочана (Переја) од источната страна.