Петерско Езеро
езеро во Леринско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Петерско Езеро (грчки: Λίμνη Πετρών, Лимни Петрон; старо Πετέρσκο[1]) — езеро во Леринско, Егејска Македонија, дел од групата на Егејските Езера.
Петерско Езеро Λίμνη Πετρών | |
---|---|
Карта на Петерско и Островско Езеро | |
Координати | 40.72° СГШ; 21.70° ИГД / 40.72; 21.70 |
Сливни земји | Грција |
Најг. должина | 5,2 км |
Најг. ширина | 4,2 км |
Површина | &1000000000000001230000012,3 км2 |
Најг. длабочина | 3-4 м |
Надм. височина | 543 м |
Населени места | Петерско |
Езерото се наоѓа на териториите на Леринско, Општина Суровичево, во северниот дел на котлината Острово меѓу два крака на планината Ниџе. Надморската висина му изнесува 570-572 метри[1], а површината околу 12 км2. Поврзано е со соседното Рудничко Езеро, од каде што добива вода. Неговите води пак се влеваат во Островското Езеро. На западниот брег се наоѓа селото Петерско, а во југозападниот Суровичево.
Заедно со Островското Езеро сочинуваат екосистем, во кој живеат повеќе од 130 видови птици, цицачи, риби. Овој простор е живеалиште на ретки и загрозени видови птици, од кои само во Петерското Езеро повеќе од 90 видови, како големиот корморан (Phalacrocorax carbo) и малиот корморан (Phalacrocorax pygmaeus). Се гнездат и ноќната чапја (Nycticorax nycticorax), жолтата чапја (Ardeola ralloides) и малата бела чапја (Egretta garzetta)
Во 1977 г. Петерското Езеро е прогласено за место со посебна природна убавина.[2] Заедно со соседното Островско Езеро е вклучено во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1340004) и двете езера се прогласени за места од орнитолошка важнот (045).[1]