Охридско Езеро
езеро во Македонија и Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се одликува со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.
Кратки факти Охридско Езеро, Место ...
Охридско Езеро | |
---|---|
Место | Македонско–албанска граница |
Координати | 41°2′N 20°43′E |
Главен дотек | Сатеска, Билјанини Извори |
Главен истек | Црн Дрим |
Површина на сливот | 2.600 км2 |
Земји во сливот | Македонија, Албанија |
Најг. должина | 36,4 км |
Најг. ширина | 16,8 км |
Површина | 388 км2 |
Прос. длабочина | 155 м |
Најг. длабочина | 288 м |
Водна зафатнина | 55,49 км3 |
Проточност (на езерската вода) | 70 години |
Брежна должина1 | 87,53 км Македонија: 56,02 км; Албанија: 31,51 км |
Надм. височина на површината | 693 м |
Острови | нема |
Населени места | Охрид, Струга (Македонија) Поградец (Албанија) |
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка. |
Затвори
Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[1]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро“[2] (лат. Ohrid Lacus)[3].