Папа Дамас I
римски папа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Дамас I (лат.:Damasus I; 300 или 305 — 11 декември 384) — римски папа од 1 октомври 366, па сѐ до својата смрт.[1] Се родил во Лузитанија, во свештеничко семејство. Имено, Дамас му дал инструкции на Јероним Стридонски во започнувањето со преводот на Библијата на латински јазик. Преводот се смета за најдобар на латински јазик и е познат како ''Вулгата''. Покрај тоа, тој е познат и по тоа што се занимавал во црковната борба против аријанството. Во негово време, спорот околу аријанизмот бил решен во полза на папската позиција. Папата ги отворил катакомбите кои биле затворени во времето на Диоклецијан.
Кратки факти Родено име, Папа од ...
Дамас I | |
---|---|
Родено име | Дамас I |
Папа од | 366 |
Папа до | 11 декември 384 |
Претходник | Папа Либериј |
Наследник | Папа Сирициј |
Роден | 300 |
Починал | 11 декември 384 Рим, Италија |
Други папи по име Дамас |
Затвори
Бил прогласен за светец, а неговиот празник во католичката црква се празнува на 11 декември.