Париз-Рубе
велосипедска трка во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Париз-Рубе (француски: Paris–Roubaix) — еднодневна професионална велосипедска друмска трка во северна Франција близу границата со Белгија. Од нејзините почетоци во 1896 и до 1967 започнала од Париз, а завршувала во Рубе (оттука произлегува и името); од 1968 започнува од Компјењ (околу 60 километри североисточно од центарот на Париз), додека крајот сè уште е во Рубе. Позната по суровиот терен и калдрмата (коцки),[n 1] таа е една од „монументите“ или класиците во европскиот календар и придонесува со бодови за Светската турнеја. Наречена е: Пеколот на Северот, Недела во пеколот (исто така назив на филм за изданието од 1976 на трката), Кралица на класиците или Велигденска трка (la Pascale). Трката е организирана од медиумската група Amaury Sport Organisation секоја година на почетокот на април.
Датум | Почеток на април |
---|---|
Регион | Северна Франција |
Месно име | Paris–Roubaix (француски) |
Прекар |
|
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневна трка |
Организатор | Amaury Sport Organisation |
Директор на трката | Жан-Франсоа Пешо |
Прво одржување | 1896 (1896) |
Одржувања | 119 (до 2022) |
Прв победник | Јозеф Фишер (ГЕР) |
Најмногу победи | Роже де Влеминк (БЕЛ) Том Бонен (БЕЛ) (4 победи) |
Неодамнешен победник | Дилан ван Барле (ХОЛ) |
Првпат возена во 1896, Париз-Рубе е една од најстарите велосипедски трки. Добро е позната по нејзините делови со калдрма преку кои се поминува, па затоа се смета заедно со Трка околу Фландрија и Гент-Вевелгем за еден од класиците со калдрма. Од 1977, победникот на Париз-Рубе добива коцка (дел од калдрмата) како дел од неговата награда.[1] Теренот довел до развој на специјализирани рамки, тркала и гуми. Дупнати гуми и други механички проблеми се чести и често имаат улога во резултатите.
И покрај високата почит која ја ужива помеѓу велосипедистите, некои од нив велат дека ја сметаат за шега поради нејзините тешки услови. Исто така, трката имала неколку контроверзи, кога некои победници на трката биле дисквалификувани од различни причини.
Патеката е одржувана од Les Amis de Paris–Roubaix, група на обожаватели на трката создадена во 1983.