Пароброд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пароброд[1][2] или архаично параход[3][4] — брод на погон на водена пареа. Пареата се добива од котли на цврсто или течно гориво. Погонот може да биде со странични тркала и лопатки (првобитен облик), пропелери или турбини.
Првиот пароброд кој со пловидбата носел добивка бил изграден во 1807 година (и патентиран во 1809 година) од Американецот Роберт Фултон. Меѓутоа, првите пароброди биле создадени уште порано, на крајот на 18 век.
Титаник е секако најпознатиот и во свое време најголемиот пароброд во светот.