Песочник
From Wikipedia, the free encyclopedia
Песочник[1][2] или песочен часовник — уред за мерење на времето. Се состои од две стаклени топки поврзани со тесна цевка. Горната топка е исполнета со ситен песок кој протекува низ тесен премин во долната топка за одредено време. Кога целиот песок ќе протече во долната топка, часовникот се превртува наопаку и одново почнува да го мери времето.
Чинители кои влијаат на количината време кое го мери песочникот се: количината на песок, големината и аголот на топката, ширината на цевката и видот и квалитетот на песокот. Како замена за песок, се користи прав од лушпи од јајце или мермер во прав. Песочникот се користи и денес, но само како украс или кога е потребно да се измери потребното време (на пример, при готвење или за време на друштвени игри). Обично се мерат неколку минути (три минути се вообичаени за варење јајце).