Плоштад „Република“ (Ереван)
плоштад во Ереван / From Wikipedia, the free encyclopedia
Плоштад Република (ерменски: Հանրապետության հրապարակ, Hanrapetut'yan hraparak, познат и како Храпарак, „градски плоштад“)[5][6] е централниот градски плоштад во Ереван, главниот град на Ерменија. Тој се состои од два дела: елипсоидна раскружница и трапезоиден дел во кој има базен со музички фонтани. Плоштадот е опкружен со пет големи згради изградени во розова боја и жолт туф во неокласичен стил при што се користени ерменски мотиви.[7][8] Оваа архитектонска целина ги вклучува: зградата на владата, Историскиот музеј, Националната галерија, Еремнскиот хотел Мариот, како и министерствата за надворешни работи и за транспорт и врски. Плоштадот бил дизајниран од Александар Таманијан во 1924 година. Изградбата на повеќето од зградите била завршена во 1950-те години, а последната зграда — Националната галерија — била завршена во 1977 година.
Плоштад Република | |
---|---|
Историскиот музеј и Националната галерија (лево) и зградата на Владата (десно), ноќна фотографија, 2013 година | |
Поранешни називи: | Плоштад Ленин (1940–1990)[1] |
Одржува: | Општина Ереван |
Место: | Кентрон, Ереван, Ерменија |
Изградба | |
Изградбата почнала: | 1926[2][3][4] |
Завршена: | 1977[2] |
Во текот на советскиот период плоштадот бил познат како Плоштад Ленин. Во центарот на плоштадот имало статуа на Ленин, а двапати годишно овде се одржувале воени паради. По прогласувањето на независноста Ерменија, статуата на Ленин била отстранета, а плоштадот го добил новото име.[9] Плоштадот Република се опишува како ерменски и еревански „најважен градски простор”,[10] еревански архитектонски врв”,[11] и „најзначајна архитектонска целина” во градот.[12] Патописецот Дејрдр Холдинг напишал дека ова е „едан од најубавите централни плоштади изградени било каде во светот во текот на 20 века”.[13]