Покраини во Тајланд
првостепена административна единица на Тајланд / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајланд е поделен на 76 покраини[1] (тајландски: จังหวัด, „чангват“), кои географски влегуваат во шест области [2]. Главниот град Бангкок не е покраина, туку претставува специјално управно подрачје (но тука е вбројан во нив бидејќи е истостепена единица).[3] Покраините ги носат имињата на нивните административни центри.
Најголемо население и најгуста населеност има престолнината Бангкок. Најголема покраина по површина е Након Ратчасима, а најмала е Самут Сонгкрам. Најмалку жители има Ранонг, а најслабо населена е Ме Хонг Сон[4].
Секоја покраина има свој управник, назначен од Министерството за внатрешни работи. Единствениот исклучок од ова е Бангкок, чиј управник се бира со народно гласање.
Покраините се делат на вкупно 878 окрузи („ампе“, อำเภอ). Педeсетте окрузи на Бангкок се нарекуваат „кет“ (เขต). Секоја покраина има различен број на окрузи, од по три во најмалите до педесет во главниот град. Окрузите потоа се делат на подокрузи („тамбон“), а тие пак, на села („мубан“). Во Бангкок, подокрузите се нарекуваат „квенг“.