Покраини на Филипините
административна единица на Филипините / From Wikipedia, the free encyclopedia
Филипините се поделени на покраини (филипински: lalawigan) како главна административна единица. Постојат 82 покраини, кои понатаму се делат на составни градови и општини. Управните единици во Националниот Престолнински Регион, како и независните градови се самостојни, т.е. не се потчинети на покраинските управи. Секоја покраина има избран покраинскиот совет (Sangguniang Panlalawigan) и избран управник.
Покраините се распоредени во 17 региони во зависност од нивните географски, културни и етнолошки особености. Тринаесет регион имаат бројчени ознаки од север кон југ, а Националниот Престолнински Регион (Метро Манила), Кордиљера, Југозападниот Тагалски Регион (Мимаропа) и Автономниот Регион во Муслимански Минданао (Бангсаморо) имаат акроними.
Секоја покраина е членка на Сојузот на покраините на Филипините, организација која се занимава со проблематиката на покраинското и метрополското управување.[1]