Полинезија
подрегион на Океанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
16.8529613° ЈГШ; 148.4052203° ИГД / -16.8529613; 148.4052203
Полинезија (од грчки: πολύς „поли“ многу + νῆσος „нисос“ остров) — регион во Океанија. Самиот регион е составен од повеќе од 1000 острови распоредени во централниот и јужниот дел од Тихиот Океан. Луѓето кои живеат во овој регион географски се нарекуваат Полинезијци и споделуваат голем број сличности.[1] Поимот „Полинезија“ за првпат е употребен во 1756 година од францускиот писател Шарл де Брос.