Посебни окрузи во Токио
From Wikipedia, the free encyclopedia
Посебни окрузи (јапонски: 特別区code: ja is deprecated , токубецу-ку) — 23 општини што го сочинуваат градот Токио во Јапонија. Заедно го зафаќаат подрачјето на градот Токио пред да биде укинат како една целина во 1943 г. Денес е тој се смета за метропола составена од повеќе целини, чија структура е пропишана со Законот за локална автономија.[1] Ваквата поставеност постои само во Токио.
Сите окрузи имаат свои управи и немаат една врховна управа, со исклучок на работите што се во надлежност на Метрополската управа на Токио. Зафаќаат вкупна површина од 622 км² и имаат 9.007.407 жители.