Премиер лига на Англија 2022-2023
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер лига на Англија 2022-2023 била 31-вата сезона на Премиер лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 5 август 2022, а завршила на 28 мај 2023.
Премиер лига на Англија 2022-2023 FA Premier League 2022-2023 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 124-ро | ||||
Период | од: 5 август 2022 до: 28 мај 2023 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Манчестер Сити 9. титула | ||||
Лига на шампиони | |||||
Лига Европа | |||||
Лига на конференции | 1. клуб | ||||
Испаднале | Лестер Сити Лидс Јунајтед Саутхемптон | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Ерлинг Холанд (36 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.084 (2,85 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Манчестер Сити влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Фулам, Борнмут и Нотингем Форест биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Чемпионшип лигата 2021-2022. Тие ги замениле Барнли, Вотфорд и Норич Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во Чемпионшип 2022-2023.
На 20 мај 2023, Манчестер Сити ја одбраниле титулата станувајќи шампиони по деветти пат во клупската историја, после поразот на нивниот најголем конкурент во оваа сезона Арсенал од Нотингем Форест.[1] Со тоа тие ја освоиле својата трета титула во низа, станувајќи само вториот клуб во ерата на Премиер лигата кој успеал да го оствари ова по нивниот градски ривал Манчестер Јунајтед. Како шампиони, Сити се квалификувале за групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона, заедно со Арсенал (кои завршиле втори со 5 бодови помалку од шампионот), третопласираниот Манчестер Јунајтед и четвртопласираниот Њукасл Јунајтед.
Ливерпул и Брајтон, пак се квалификувале за УЕФА Лига Европа 2023-2024, додека Астон Вила изборила учество во УЕФА Лигата на конференции.
Лестер Сити, Лидс Јунајтед и Саутхемптон биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Ерлинг Холанд од шампионот Манчестер Сити со 36 постигнати гола, со што норвежанецот поставил нов рекорд за најмногу постигнати голови од еден играч во рамките на една сезона.[2] Сезоната 2022-2023, била сезоната со 38 натпревари со најмногу постигнати голови во историјата на Премиер лигата, со 1.084 гола (просек од 2,85 гола по натпревар).[3]