Раменска Грмада
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Раменска Грмада — археолошко наоѓалиште во битолското село Рамна. Претставува депо на монети од средниот век од византиоско време. Со рилањето на земјата за овоштарник на стопанството „Овоштар“ од селото Кажани во 1967 година било откриено богато депо на чанковидни монети, кое брои 9.190 примероци, во кое се застапени следните владетели: Мануил I Комнин, Андроник I Комнин, Исак II Ангел и Алексиј III Ангел. Наоѓалиштето лежи во централниот дел од северната половина на Цапарско Поле. На површината на нивите се гледаат остатоци од помала населба. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Раменска Грмада“ | |
Местоположба | 41°5′23″N 21°11′8″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Рамна |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Затвори