Рударство
добивање минерали и друг ископан материјал од земјата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рударство — стопанско-индустриска гранка што се занимава со испитување и исцрпување на сите видови рудни лежишта како и начините за нивна рационална експлоатација.[1] Преку ископувањето на различните видови на метални и неметални руди и минерали, рударството претставува единствената и најзначајната дејност која со основни суровини за производство ги снабдува индустријата, градежништвото и други стопански гранки.