Рудни Планини
низок планински венец во Средна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рудните Планини (германски: Erzgebirge, чешки: Krušné hory) — планини во Средна Европа кои ја образуваат природната граница помеѓу покраината Саксонија во Германија и областа Чешка во Чешката Република веќе многу векови. Денес, границата помеѓу Германија и Чешка води малку посеверно од главниот срт на планинскиот масив. Највисоки врвови се Клиновец (германски: Кајлберг), кој се издига на 1.244 метри надморска височина и Фихтелберг на 1.215 метри.
Кратки факти Земји, Региони ...
Рудни Планини | |
Erzgebirge - Krušné hory | |
масив | |
Вештачко езеро близу Мисливни | |
Земји | Чешка, Германија |
---|---|
Региони | Карловарски крај (Чешка), Устечки крај (Чешка), Саксонија (Германија) |
Највисока точка | Клиновец |
- височина | 1.244 м |
- координати | 50°23′46″N 12°58′04″E |
Геологија | седиментни, метаморфни и магматични карпи |
Орогенија | Херценска |
Период | Палеозоик |
Местоположба во Германија
| |
Местоположба во Чешка
| |
Физичка карта
|
Затвори
Областа одиграла важна улога во поставувањето на раната модерна трансформација на рударството и металургијата од занаетчиство до голема индустрија, процес кој му претходел и ја овозможил подоцнежната индустриска револуција.