Ружин Гроб (Асамати)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ружин Гроб — археолошко наоѓалиште во преспанското село Асамати. Претставува тумул од железно време. Се наоѓа на 1,5 км северно од селото, во непосредната близина на езерскиот брег. Тумулот има пречник во основата од 15-20 м и зачувана височина од 1,5 м. Западната половина му е оштетена во Втората светска војна, со изградбата на бункер. Во 1976 година Музејската збирка од Ресен извршила пробни сондажни ископувања, при што се откриени два гроба со секундарно погребување. Гробовите биле градени од камен, а имале под од тегули. Гробни прилози не биле најдени.[1]
Повеќе информации Основни податоци ...
„Ружин Гроб“ | |
Местоположба | 40°59′11″N 21°3′3″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Асамати |
Општина | Ресен |
Тип |
|
Период | железно време |
Портал „Археологија“ |
Затвори