Саат-кула (Гостивар)
саат-кула во Гостивар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат-кула (турски: Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi) — еден од најзнаменитите и препознатливи градби во градот Гостивар. Таа е еден од трите културно-историски споменици во Гостивар и се наоѓа и на општинските грб и знаме.[1] Гостиварската саат кула заедно со оние во Скопје, Битола и Прилеп е една од најзачуваните првични саат-кули. Таа сè уште е во функција и го покажува точното време преку неколку часовници вградени на неа. Кулата е заведена како Културно наследство на Македонија.[2]
Кратки факти Саат-кула Гостивар Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi, Општи податоци ...
Саат-кула Гостивар Ebu Bekir Paşa Saat Kulesi | |
---|---|
Саат-кулата во 2012 година | |
Општи податоци | |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Гостивар |
Земја | Македонија |
Почната | 1728/29 |
Нарачател | Исмаил-ага |
Затвори