Саат-кула (Прилеп)
саат-кула во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата[1]. Градена е во периодот 1825/1826 година. Подигната од Саид-ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м[2]. Реновирана во 1836/37 и 1896/97 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година[3]. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Христо Тасламиче, Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година. Била градена на шестаголна основа со масивни камени блокови со вкупна височина од 38,76 метри, а заедно со столбовите и конусот достигнува 55 метри.
Во долниот дел, на спротивната страна од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:[4]
„ | Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..." | “ |
Познати по своето шегобијство, прилепчани саат-кулата често ја нарекуваат со името Прчикур, симболизирајќи машкост и исправеност[5].
Поради накривувањето на кулата, во октомври 2012 година се започнати работи за стабилизирање на кулата и стопирање на нејзиното накривување.[6][7]