Саат-кула (Скопје)
саат-кула во Скопје, Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат-кулата во Скопје — шестокатна саат-кула, која се наоѓа северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија. Подигната е во периодот од 1566 до 1572 година. Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава.[1] Механизмот на часовникот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на Турците. Изградена е на темелите на порана средновековна одбранбена кула. Некогаш била дрвена, но подоцна била преградена со тули.[2]
Кратки факти Саат-кула, Општи податоци ...
Саат-кула | |
---|---|
Поглед на Саат-кулата во Скопје | |
Општи податоци | |
Место | Стара Скопска Чаршија |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Координати | 42°0′7″N 21°26′29″E |
Почната | 1566 |
Завршена | 1572 |
Висина | 37 м |
Технички податоци | |
Катови | 6 |
Затвори