Санта Крус де ла Сиера
град во Боливија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Санта Крус де ла Сиера (шпански: Santa Cruz de la Sierra), често именуван како Санта Крус, е најголем град во Боливија и главен град на департманот Санта Крус.[1] Градот се наоѓа на реката Пирај во источна Боливија и градот е дом на 70% од населението на департманот.[3] Санта Крус е најбрзо растечки град во светот.[4]
Санта Крус де ла Сиера Santa Cruz de la Sierra | |||
---|---|---|---|
автономен град | |||
Местоположба во Боливија | |||
Координати: 17°48′S 63°10′W | |||
Држава | Боливија | ||
Департман | Санта Крус | ||
Покраина | Андрес Ибањес | ||
Општина | Санта Крус де ла Сиера | ||
Основан | 26 февруари 1561 | ||
Управа | |||
• Вид | Градска власа | ||
• Градоначалник | Перси Фернандес | ||
Површина | |||
• автономен град | 1 E+8_m² | ||
Надм. вис. | &10000000000000416000000416 м | ||
Население (2010)[1] | |||
• автономен град | 1.616.063 | ||
• Густина | 4.215,24/км2 (1,091,740/ми2) | ||
• Метро | 2.102.998 | ||
Час. појас | BOT (UTC−4) | ||
ИЧР (2001) | 0.630 – среден[2] | ||
Мреж. место | http://www.gmsantacruz.gov.bo/ |
Градот бил основан во 1561 година од шпанскиот истражувач Њуфло де Чавес на околу 200 км од сегашната местоположба на градот. Низ историјата градот се изместувал неколкупати сè додека не бил конечно изграден на сегашната положба во 16 век. Во голем дел од историјата на Санта Крус, градот бил мал и власта не обрнувала внимание за развојот на Санта Крус. По Втората светска војна со развојот на земјоделството градот забележал забрзан развој.
Денес, градот е најнаселен, а департманот Санта Крус е втор најнаселен департман во државата. Градот станал најзначаен трговски центар во земјата и е одредиште на голем број доселеници.[5]