Сари
грофовија во Англија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сари (англиски: Surrey)[1] ― грофовија во Југоисточна Англија која се граничи Кент на исток, Источен Сасекс на југоисток, Западен Сасекс на југ, Хемпшир на запад, Беркшир на северозапад, и Голем Лондон на североисток. Со околу 1,2 милиони луѓе, Сари е 12-та по население во Англија, трета по население домашна грофовија, по Кент и Есекс, и трета по население во Југоистокот, по Хемпшир и Кент.
Сари е релативно богата грофовија. Има најголем процент на шумски окрузи во Англија. Има четири патеки за трки со коњи, и терени за голф, вклучувајќи го и меѓународното место за натпреварување во Вентворт.
Гилдфорд е познато сметан како грофовски град, иако Советот на грофовијата Сари е со седиште во Рајгејт.[2] Сари е поделен на единаесет области.