Св. Еразмо (базилика)
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Св. Еразмо — археолошко наоѓалиште во Охрид. Претставува базилика и некропола од старохристијанско време. Наоѓалишето е прогласено е за културно наследство на Македонија.
„Св. Еразмо“ | |
Остатоци од базиликата | |
Местоположба | 41°08′26.52″N 20°45′46.67″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Охрид |
Општина | Охрид |
Тип |
|
Период | среден век |
Портал „Археологија“ |
Се наоѓа на 5-тиот километар од Охрид кон Струга, во јужното подножје на Габовски Рид и во непосредната близина на црквата „Св. Еразмо“ од XIII век. Овде, во некогашните ниви на Ѓорше Китразов од Охрид со систематските археолошки истражувања во 1974 и 1975 година од страна Заводот и музеј во Охрид (на чело со на Владо Маленко), се откриени остатоци од темели на трикорабна базилика и раносредновековна некропола од која се истражени 124 гробни целости, во кои погребувањата започнуваат од крајот на VI и комбинирано течат до XII век. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид.[1]