Светец
личност со исклучителна благочестивост и доблест / From Wikipedia, the free encyclopedia
Светец или светител (ж. светица, светителка[1]) — поим во христијанството што опишува човек, кого смета за пример за исклучителна верска доблест и светост. Постои разлика во употребата во зависност од различните христијански деноминации. Зборот потекнува од грчкиот збор άγιος (се чита: агиос) што значи „свети“ или „светец“, а во Новиот завет овој збор се користи за да се опишат следбениците на Исус од Назарет. Со развојот на христијанството, значењето на зборот се променило и често се користи за ознака на одредени личности кои претставуваат пример за следење во верата, кои се почитуваат како вдахновение за другите христијани.