Светско првенство во ракомет за мажи 2013
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското првенство во ракомет за мажи 2013 било 23. издание на Светското првенство во ракомет за мажи во организација на Меѓународната ракометна федерација кое се одржало во Шпанија од 11 јануари до 27 јануари.
Кратки факти Податоци за турнирот, Домаќини ...
Податоци за турнирот | |
---|---|
Домаќини | Шпанија |
Датуми | 11–27 јануари |
Екипи | 24 (од 5 конфедерации) |
Одржувалишта | 6 (во 6 градови-домаќини) |
Конечен исход | |
Првак | Шпанија (2. титула) |
Второпласиран | Данска |
Третопласиран | Хрватска |
Четвртопласиран | Словенија |
Статистикa за турнирот | |
Натпревари | 84 |
Дадени голови | 4529 (53.92 по натпр.) |
Најдобар стрелец | Андерс Егерт (ДАН) (55 голови) |
Најдобар играч | Микел Хансен (ДАН) |
Следно → |
Затвори
Шпанија до сега никогаш немала организирано Светско првенство во ракомет. Се играло во шест градови: Мадрид, Барселона, Севиља, Сарагоса, Гранољерс и Гвадалахара. Полуфиналните натпревари се играле на 25 јануари во Барселона, а финалето се играло 27 јануари во салата Сант Џорди во Барселона.
Шпанија го освоила првенството, победувајќи ја Данска во финалето со 35-19.