Машка ракометна репрезентација на Хрватска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Машка ракометна репрезентација на Хрватска — државна репрезентација која ја претставува Хрватска на меѓународните ракометни натпревари. Тимот е под управа на Хрватскиот ракометен сојуз.
Хрватска | |||
Shirt badge/Association crest | |||
Податоци | |||
---|---|---|---|
Прекар | 'Каубои' | ||
Сојуз | Хрватски Ракометен Сојуз | ||
Тренер | Лино Червар | ||
Помошник-тренер | Силвио Ивандија Игор Вори | ||
Капитен | Домагој Дувњак | ||
Најмногу натпревари | Игор Вори (246) | ||
Најмногу голови | Мирза Џомба (667) | ||
Бои | |||
| |||
Резултати | |||
Летни олимписки игри | |||
Настапи | 5 (првпат во 1996) | ||
Најдобар резултат | 01 (1996, 2004) | ||
Светско првенство | |||
Настапи | 13 (првпат во 1995) | ||
Најдобар резултат | 01 (2003) | ||
Европско првенство | |||
Настапи | 13 (првпат во 1994) | ||
Најдобар резултат | 02 (2008, 2010) | ||
Последна поднова на податоците: непознато. |
Медали | ||
---|---|---|
Олимписки игри | ||
1996 Атланта | Екипа | |
2004 Атина | Екипа | |
2012 Лондон | Екипа | |
Светско првенство | ||
2003 Португалија | ||
1995 Исланд | ||
2005 Тунис | ||
2009 Хрватска | ||
2013 Шпанија | ||
Европско првенство | ||
2008 Норвешка | ||
2010 Австрија | ||
1994 Португалија | ||
2012 Србија | ||
2016 Полска | ||
Средоземни игри | ||
1993 Лангдок-Русијон | ||
1997 Бари | ||
2001 Тунис | Екипа | |
2018 Тарагона | Екипа | |
2005 Алмерија | Екипа | |
2013 Мерсин | Екипа |
Хрватска честопати се смета за меѓународна сила во ракометот[1], освојувајќи два олимписки златни медали и едно Светско првенство, но никогаш не освоила едно Европско првенство, откако изгубила две финалиња, едното од Франција и другото од Данска. Хрватската ракометна репрезентација која го освоила Олимпискиот златен медал во 1996 година, честопати се смета за најголемо изненадување во историјата на ракометот, можеби поради своето прво учество на турнирот[2] . Хрватската репрезентација освоила таканаречен „меѓународен двомеч“, откако го освоила златниот медал на Олимпијадата (2004) и на Светското првенство (2003), победувајќи ја Германија во двете финалиња.
Ракометната репрезентација на Хрватска честопати била обележана како модел за спорт[3], честопати како замена за Романија во „големите три“ на Европа во ракомет, заедно со Франција и Данска[4]. Некои од нивните најголеми соперници се соседите Словенија, Унгарија и Србија. Германија исто така е голем соперник, иако на натпреварите помеѓу двете земји, Хрватска има поголема доминација. Германија победила само еднаш на своите девет средби, а Хрватска победила седум пати. Шпанија исто така се смета за близок соперник на Хрватска, откако одиграла 23 натпревари со нив, најмногу од која било страна со која Хрватите играла во ракомет. Сепак, Французите често се забележуваат како најголем соперник на Хрватска во ракомет, поради успехот на двете земји. Сепак, во поновата историја, Хрватска честопати претрпела елиминации во корист на Французите[5].