Светско првенство во ракомет за мажи 2009
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското првенство во ракомет за мажи 2009 било 22. издание на Светското првенство во ракомет за мажи во организација на Меѓународната ракометна федерација кое се одржало во Хрватска и се играло од 16 јануари до 1 февруари во градовите Сплит, Задар, Осиек, Вараждин, Загреб, Пула. Хрватска била избрана од група на четири потенцијални домаќини меѓу кои биле Чешка, Грција и Романија.
Svjetsko prvenstvo u rukometu 2009 (хрватски) | |
---|---|
Податоци за турнирот | |
Домаќини | Хрватска |
Датуми | 16 јануари–1 февруари |
Екипи | 24 (од 5 конфедерации) |
Одржувалишта | 7 (во 7 градови-домаќини) |
Конечен исход | |
Првак | Франција |
Второпласиран | Хрватска |
Третопласиран | Полска |
Четвртопласиран | Данска |
Статистикa за турнирот | |
Натпревари | 110 |
Дадени голови | 6090 (55.36 по натпр.) |
Гледачи | 392.550 (3.569 по натпр.) |
Најдобар стрелец | Кирил Лазаров (МКД) (92 гола) |
Најдобар играч | Игор Вори (ХРВ) |
Следно → |
Отворањето на првенството се одржало во Сплит, додека пак завршниот натпревар се одржал во Загреб. Франција го освоила турнирот откако ја поразила Хрватска во финалето. Полска завршила на третото место победувајќи ја Данска. Билетите биле на продажба од 15 до 20 ноември.[1] За завршницата, билетите почнале со цена од 700 куни (о. 95 евра). За да се претстави турнирот, „Хрватската Туристичка Заедница“ пуштила повеќе презентации во главните градови 13те земји учесници.[2]
За време на првенството внатрешна критика произлегло против Хасан Мустафа, Претседателот на МРФ. Генералниот секретар, Петер Мухлематер, го критикувал Мустафа и побарал негова отставка. Мустафа побарал да се исклучи Мухлематер по неговата критика.[3][4][5][6][7]