Домагој Дувњак
Хрватски ракометар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Домагој Дувњак (Шаково, 1 јули 1988 година ) е хрватски ракометар. Тој станал член на репрезентацијата на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг, Кина.
Во август 2009 година, тој потпиша тригодишен договор вреден 1,1 милиони евра, што го прави најскапиот млад ракометар.[1] Од 2014 година Дувњак настапува за најтрофејниот германски клуб THW Kil.
Во изборот на Меѓународната ракометна федерација, тој беше прогласен за најдобар ракометар на светот во 2013 година [2]