Светско првенство во фудбал 1930
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светското првенство во фудбал во 1930 година е првото издание на ова фудбалско натпреварување. Ова Светско првенство се одржа во Уругвај од 13 јули до 30 јули. ФИФА го одбра Уругвај за домаќин на изборот во Барселона, затоа што Уругвај славеше стогодишнина од независноста, а Уругвајската репрезентација го освои турнирот на Олимписките игри 1928 година.
1930 Светско првенство на ФИФА — Уругвај 1er Campeonato Mundial de Football | |
---|---|
[[Image:|150px|Официјално лого]] Официјално лого | |
Тимови | 13 (од 13 квалификанти) |
Домаќин | Уругвај |
Траело Од - До : | 13 јули 1930 - 30 јули 1930 |
Шампиони | Уругвај (прва титулa) |
Одиграни натпревари | 18 |
Постигнато голови | 70 (просек 3.889 по натпревар) |
Најефикасен натпревар: | Аргентина - Мексико 6-3 |
Посетеност | 434.500 (просек 24.139 по натпревар) |
Најдобар стрелец | Гуљелмо Стабиле 8 гола |
Најдобар играч | не е биран |
Тринаесет тимови се натпреваруваа во завршниот турнир, од кои четири од Европа, а девет од Северна и Јужна Америка.Повеќето тимови од Европа одбиа да настапуваат поради оддалеченоста и големите цени за патувањето. Првите два натпревари на Светското првенство се одигаа во исто време, а победниците беа Франција која го победи Мексико со 4-1 и САД кој ја совлада Белгија со 3-0. Првиот гол во историјата на Светските првенства доа даде Французинот Лусин Лоран. Во финалето домаќинот и фаворит за освојувањето на овој светски куп, Уругвај ја победи Аргентина во финалето пред 93.000 постануваќи прва екипа која освоила Светско првенство