Северен Остров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северен Остров (англиски: North Island, маорски: Te Ika-a-Māui) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.[1] Островот зафаќа површина од 113.729 км2 [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.
North Island Te Ika-a-Māui | |
---|---|
Сателитска снимка на Северниот Остров | |
Географија | |
Место | Нов Зеланд |
Координати | 38°24′S 175°43′E |
Површина | 113.729 км2 |
Подреденост по површина | 14. |
Највисоко издигнување | 2.797 м |
Највисока точка | Руапеху |
Управување | |
Нов Зеланд | |
Најголема населба | Окленд (pop. 1,628,900) |
Демографија | |
Население | 3,749,200 (June 2018) |
Густина | 0,0 /km2 (0 /sq mi) |
На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.
Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]