Скопска Црна Гора
планина во северниот дел на Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Скопска Црна Гора — средновисока планина во северниот дел на Македонија. Се издига помеѓу Скопската Котлина од југ, Кумановската Котлина од исток, Гниланската од север (во Косово) и долината на река Лепенец од запад. Планината се протега во правец ЈЗ-СИ, со највисок врв Рамно (1.651 м). Останати повисоки врвови се Соколовец и Душановец. Настаната е со раседнување. Составена е од кристалести шкрилци и еруптивни карпи, преку кои лежат мезозојски карпи и терциерни седименти. Со долината на Липковска Река подделена е на два дела: западен повисок и источен понизок познат под името Карадак. На Скопска Црна Гора се наоѓаат изворишта на поголем број речни текови. Целиот крај околу планината понекогаш се вика Црногорија и е многу богат со цркви и манастири, на пример манастирите Матејче и Свети Ѓорѓи на источната страна и манастирите Свети Архангел и Света Богородица на западната страна.[1]
Скопска Црна Гора | |
---|---|
Поглед на Скопска Црна Гора од југ | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.651 м |
Географија | |
Покраина | MK |