Соја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Соја (науч. Glycine max) — една од најстарите културни растенија што му биле познати на човекот. Според податоците, сојата им била позната на Кинезите уште пред 5.000 години. Исто така културната соја е создадена во Југоисточна Азија (Кина, Кореја, Јапонија) каде што денес се сретнуваат најголем број на културни форми. Од Југоисточна Азија културната соја почнала да се шири во другите делови на Азија пред сè во источните делови на поранешниот СССР, а потоа и во другите делови Грузија, Украина и др. Според пишаните податоци сојата во Европа во XVIII век се одгледувала во ботаничките бавчи. Во Холандија се смета дека сојата е одгледувана пред 1737 година. Поради несоодветната агротехника и непознавањето на употребната вредност, сојата во XIX век во европските земји малку била застапена. Посериозно производство на сојата во Европа започнува во XX век и тоа во: Романија, Бугарија, Чехословачка, Австрија, Југославија и Унгарија. Во САД сојата се појавува во текот на XVIII век на поедини фарми, а во XIX век се испитувала на поголем број на фарми и се опишува како нова култура. Многу фармери ја прифатиле како сточна храна (сено или силажа) како чист посев или во комбинација со други култури. Во XX век се одгледува како култура.
Соја | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Бобовидни |
Семејство: | Бобови |
Потсемејство: | Глушини |
Род: | Соја |
Вид: | Соја |
Научен назив | |
Glycine max (L.) Merr. | |
Синоними[1] | |
Во Македонија во периодот помеѓу двете светски војни некои крупни понапредни стопани во Прилепско почнале да ја одгледуваат сојата, но поради ниските приноси набрзо била напуштена. Позначајни испитувања направени се во Овче Поле во 1960 и 1961 г. за проширување на сојата на поголеми површини. По подолг период на отсуство, сојата продолжила да се одгледува во земјата, но во поскромни количини. Така, во 2012 г. во Македонија се произведени 717 тони соја.[2]