Спомен-костурница (Удово)
спомен-костурница во селото Удово / From Wikipedia, the free encyclopedia
Спомен-костурница во Удово — спомен-костурница и православен параклис во валандовското село Удово. Објектот е сместен на влезот од селото, од десната страна покрај патот кој води од селото Јосифово, на височинка која доминира во однос на остатокот од селото. Спомен-костурницата е подигната во чест на загинатите српски војници во валандовско-удовската акција на Велики петок, 20 март (2 април) 1915 година, како и на останатите загинати српски војници во ова подрачје во периодот на Првата светска војна.
Кратки факти Спомен-костурница (Удово), Координати ...
Спомен-костурница (Удово) | |
---|---|
Поглед на спомен-костурницата (2017 г.) | |
Координати | 41°20′35.9″N 22°26′35.7″E |
Место | Удово, Македонија |
Завршен | 1936 |
Отворен | 1 ноември 1936 |
Посветен на | загинатите српски војници во валандовско-удовската акција |
Затвори
Спомен-костурницата денес е заштитена со Законот за заштита на културното наследство на Македонија.[1]