Српско Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српското Царство (српски: Српско царство / Srpsko carstvo) — средновековна српска држава која настанала од Кралството Србија. Царството било основано во 1346 година од Душан Моќниот, кој значително ја проширил државата.
Српско Царство | ||||||||||||||||||||
Српско царство (српски) Srpsko carstvo (српски) | ||||||||||||||||||||
Царство | ||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||||||||||||||
Српското Царство во својот најголем обем (не вклучувајќи ги вазалите) | ||||||||||||||||||||
Главен град | Призрен, Скопје | |||||||||||||||||||
Јазици | српски (официјален) грчки албански бугарски | |||||||||||||||||||
Вероисповед | Православие | |||||||||||||||||||
Уредување | Апсолутна монархија | |||||||||||||||||||
Цар | ||||||||||||||||||||
- | 1346–1355 | Стефан Душан | ||||||||||||||||||
- | 1355–1371 | Стефан Урош V | ||||||||||||||||||
Историски период | Среден век | |||||||||||||||||||
- | Крунисување на Стефан Душан | 16 април 1346 | ||||||||||||||||||
- | Распаѓање | 4 декември 1371 | ||||||||||||||||||
Валута | Српски перпер | |||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||
Денес во | ||||||||||||||||||||
a. | ^ Политичкиот статус на Косово е оспорен. Откако Косово еднострано прогласил независност од Србија во 2008 година, Косово е формално признаено како суверена држава, додека Србија не ја признава независноста и ја смета како дел од сопствената територија | |||||||||||||||||||
За време на владеењето на Душан, Србија била најмоќната држава во Југоисточна Европа и една од најмоќните европски држави.[1] Царството било источно православно мултиетничко и повеќејазично царство кое се протегало од Дунав на север до Коринтскиот Залив на југ, со главен град Скопје.[2] Во негово време Српската архиепископија била унапредена во Српска патријаршија. Синот на Душан и негов наследник, Урош Слабиот, изгубил поголем дел од територијата што ја освоил Душан, па оттука и неговиот епитет.
Српското Царство практично завршило со смртта на Урош V во 1371 година и со распадот на српската држава. Некои наследници на Стефан V ја барале титулата цар во делови од Србија до 1402 година, но територијата во Грција никогаш не била обновена. [3] [4] [5]