Стадион Висенте Калдерон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Винсенте Калдерон (шпански: Estadio Vicente Calderón шпански изговор: [esˈtaðjo βiˈθente kaldeˈɾon]) — стадион на Атлетико Мадрид. Се наоѓа во самиот центар на главниот град на Шпанија. Стадионот првобитно се викал Мансанар, но во 1971 година, името му било променето во Винсенте Калдерон по познатиот, претседател на Атлетико Мадрид.
Стадион „Висенте Калдерон“ | |
---|---|
Целосно име | Естадио „Висенте Калдерон“ |
Место | Мадрид, Шпанија |
Координати | 40°24′6.19″N 3°43′14.18″W |
Започнат | 1961 |
Изграден | 1966 |
Отворен | 2 октомври 1967 |
Реновиран | 1982 |
Затворен | 2017 |
Срушен | 2018 |
Сопственик | |
Подлога | трева |
Архитект | Хавиер Баросо Мигел Ангел Гарсија Ломаш |
Поранешни имиња | Мансанар |
Игра | Атлетико Мадрид |
Гледачи | 54,907[1] |
На 30 јули 2007 година, Атлетико Мадрид, пиварницата Mahou и Ayuntamiento de Madrid потпишале договор за рекласификација на земјата, која во моментов е окупирана од страна на стадионот Висенте Калдерон и пиварницата Mahou, согласувајќи се дека Атлетико Мадрид во нардните 3 години ќе играат на стадионот Олимпико во Мадрид, подобро познат како Estadio La Peineta, кој во моментов се реновира во рамките на подготовките за закуп на Атлетико. По реконструкцијата, La Peineta ќе се има сместивост од 73.000 гледачи и ќе има целосно покриени трибини. На крајот на сезоната 2016/17, стадионот Висенте Калдерон ќе биде срушен, и на негово место ќе биде изграден парк што треба да биде прогласен за „Парк Атлетико Мадрид“. Тогаш Атлетико Мадрид ќе се пресели во La Peineta .
Одлуката за уривање на стадионот не беше добро примена од страна на некои од навивачите на Атлетико кои беа против релокација на клубот.