Стар Дојран
село во Општина Дојран / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стар Дојран — село и административно седиште на Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
- За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Кратки факти
Стар Дојран | |
Воздушен поглед на селото Стар Дојран | |
Координати 41°11′00″N 22°43′00″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Дојран |
Население | 413 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1487 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06028 |
Надм. вис. | 160 м |
Стар Дојран на општинската карта Атарот на Стар Дојран во рамките на општината | |
Затвори
Иако по своите карактеристики Стар Дојран наликува на гратче,[2] сепак официјално не е прогласено за град.[3] Тоа било гратче до Првата светска војна, но било разурнато за време на војната.[2]
Стар Дојран е едно од најпознатите туристички одредишта во Македонија, поради неговата местоположба на Дојранското Езеро и прекрасната средоземна клима.