Стара зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ - Струга
поранешна училишна зграда и споменик на културата / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стара зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“ ― стара зграда во Струга која служи како седиште на Општина Струга. Зградата е вистински показател на архитектонско градежните вредности на периодот во кој била изградена. Зградата припаѓала на ОУ „Браќа Миладиновци“ (кое денес е сместено околу 600 метри на исток). Градбата е класичен претставник на градската архитектура, која датира од почетокот на XX век, поточно во 1934 година од времето на Кралска Југославија. Заедно со Зградата на Министерството за образование, зградата е прогласена за Споменик на културата под називот Образовен комплекс на ул. „Партизанска“ бр. 4.[1]
Кратки факти Зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“/Зграда на Општина Струга, Општи податоци ...
Зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“/Зграда на Општина Струга | |
---|---|
Зградата гледана од југоисток, 2022 година | |
Општи податоци | |
Адреса | ул. „Владо Малески“ (порано „Партизанска“ бр. 4) |
Град | Струга |
Земја | Македонија |
Сегашни станари | Општина Струга (2022-) |
Завршена | 1934 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Затвори