Струмица
град во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Струмица — град во југоисточниот дел на Македонија. Според пописот од 2002 година градот има 35.311 жители и според тоа е најголем во Југоисточниот плански регион и десетти најголем град во Македонија. Градот се наоѓа во Струмичкото Поле и лежи на падините на планината Еленица, каде што е сместена средновековната тврдина Цареви Кули. Градот е седиште на истоимената општина.
Кратки факти Струмица, Држава ...
Струмица | |
---|---|
Панорама на Струмица | |
Прекар(и): Ѕвезден град, градот под Царевите Кули | |
Местоположба на Струмица во Македонија | |
Координати: 41°24′40.00″N 22°38′47.00″E | |
Држава | Македонија |
Регион | Југоисточен |
Општина | Струмица |
Управа | |
• Градоначалник | Костадин Костадинов (СДСМ) |
Надм. вис. | &10000000000000230000000230 м |
Население (2021) | |
• Вкупно | 33,825 |
Демоним | струмичани (мн.) |
Час. појас | UTC+1 |
• Лете (ЛСВ) | UTC+2 (UTC) |
Поштенски бр. | 2400 |
Повик. бр. | +389 34 |
Рег. таб. | SR |
Светец-заштитник | Свети Петнаесет тивериополски свештеномаченици |
Мреж. место | www.strumica.gov.mk |
Затвори
- Ова е статија за градот, за општината видете Општина Струмица.