Султанат Неџд
поранешна држава на Арапскиот Полуостров / From Wikipedia, the free encyclopedia
Султанат Неџд (арап. سلطنة نجد) ― држава на Арапскиот Полуостров која постоела од 1921 до 1926 година. На чело на оваа монархија била саудиската династија и се смета за правен претходник на денешна Саудиска Арабија.
Кратки факти Султанат Неџд سلطنة نجد, Уредување ...
Султанат Неџд سلطنة نجد
|
||||
---|---|---|---|---|
|
||||
Главен град | Ријад | |||
Уредување | Исламска апсолутна монархија |
Затвори
Државата била создадена во 1921 година откако Абдул Азиз ибн Сауд, емирот од Ријад, се самопрогласил за султан на Неџд и неговите зависни територии.[1] На 2 декември 1922 година, Неџд и Кувајт потпишале договор за демаркација на меѓусебната граница. Границата била права линија по 29-та паралела.[2] Во декември 1925 година, Кралството Хиџаз било освоено од војската на Абдул Азиз ибн Сауд. Во јануари 1926 година бил прогласен за крал на Хиџаз и двата ентитета со кои владеел ги споил во едно кралство - Кралство Хиџаз и Неџд.