Трапезунтско Царство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трапезунтското Царство, основано во април 1204 година, било една од трите држави– наследнички[1] на Византиското Царство. Сепак, создавањето на Трапезунтското Царство не било директно поврзазно со заземањето на Цариград од крстоносците, туку се отцепило од Византија неколку недели пред тој настан.[2]
Трапезунстко Царство | |||||
Αὐτοκρατορία Τραπεζούντος ტრაპიზონის იმპერია | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Трапезунтското Царство (кафеаво) и околните држави во 1300 година. | |||||
Главен град | Трапезунт | ||||
Јазици | Понтиски јазик (de facto) | ||||
Вероисповед | православие | ||||
Уредување | Автократија | ||||
Цар1 | |||||
- | 1204–1222 | Алексиј I | |||
- | 1459–1461 | Давид | |||
Историски период | Доцен среден век | ||||
- | Основана | 1204 | |||
- | Замрела | 15 август 1461 | |||
1 полната титула на царевите од Трапезунт по 1261 година , “верниот базилеј и автократ на Истокот, Иберијците и Ператеја” |
Географски, Трапезунтското Царство не контролирало територии подалеку од јужниот брег на Црното Море. Демографското наследство опстанало неколку векови по освојувањето од Османлиското Царство во 1461 година, а исто така голем број на православни Грци (наречени Понтиски Грци) останале во таа област сè до почетокот на 20 век.
Во тоа време, остатокот од православните христијани во областа биле депортирани во Грција (започнувајќи од 1923 година), според договорот за размена на население меѓу Грција и Турција. Оваа спогодба не ги вклучувала и месните муслимани кои зборувале грчки дијалекти, кои живеат и денес во таа област.