Трескавец
манастир во околината на Прилеп / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трескавец — манастир во областа Пелагонија, на 10 километри од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв (1422 м). Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, на рамнината Пелагонија, како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево.
Манастир Трескавец | |
Манастирот Трескавец и врвот Златоврв | |
Македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Местоположба | |
---|---|
Општи информации | |
Архитектонски опис | |
Портал |
До 2013 година, кога бил изграден асфалтен пат до манастирот Трескавец[1], се велело дека е најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можело да се стигне само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија.