Трилер (жанр)
жанр / From Wikipedia, the free encyclopedia
Трилер — простран жанр кој ги опфаќа литературата, филмот и телевизијата, каде што главни елементи се исчекување, тензија и возбуда. Трилерите многу го стимулираат расположението на гледачите, со тоа што им предизвикуваат висoкото ниво на предвидување на нештата, премногу зголемено исчекување, несигурност, изненадување, вознемиреност и страв. Трилер филмовите имаат цел да го засилат адреналинот, да бидат зајадливи, возбудливи и со брз ритам. Значително се користат литературните уреди како што се диверзии, испревртување на дејствието,напнати сцени. Дејствието во трилерот го управува негативецот, каде што тој или таа претставува пречка која што главниот јунак мора да ја надмине. Вообичаени поджанрови се психолошките трилери, криминалните трилери и мистериозните трилери. После атентатот на претседателот Џон Кенеди, жанрот политички трилер стана многу популарен. Друг вообичаен поджанр на трилер е шпионскиот жанр кој се занимава со белетристичка шпионажа. Успешни примери за трилери се филмовите на Алфред Хичкок. Жанровите хорор и акција често се поклопуваат со жанрот трилер. Во 2001 Американскиот Филмски Институт во Лос Анџелес го направи својот конечен избор на топ 100 најдобри американски ‘‘срцебиечки’’ и ‘‘адреналин-поттикнувачки’’ филмови на сите времиња. За да се квалификуваат 400-те номинирани филмови мораа да бидат од американско производство чии возбудувања го заживеаа и збогатија американското филмско наследство. „AFI” исто така побара поротниците да го земат предвид севкупното адреналин-поттикнувачко влијание на филмската уметност и моќ. Хомеровата Одисеја е една од најстаритe приказни во западниот свет и се смета за најран извор на трилерот. Еден од најраните трилер филмови е комедијата “Safety Last” на Харолд Лојд (1923), со лик кој изведува бестрашен каскадерски трик од страна на облакодер. Алфред Хичкок и Фриц Ланг со почит помогнаа во обликот на денешниот модерен жанр трилер, почнувајќи со “The Lodger” (1926) и “M” (1931).