Трка околу Фландрија 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трката околу Фландрија 2012 било 96. издание на овој еднодневен монументален класик, кој се одржал на 1 април. Растојанието било 256,9 километри, помеѓу Брухе и Ауденарде[1] и била осма трка во сезоната 2012 во Светската турнеја.
Кратки факти Детали за трката, Date ...
Светска турнеја на UCI 2012, трка 8 од 28 | |||
Том Бонен и Филипо Поцато на третото искачување на Ауде Куаремон | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Date | 1 април 2012 | ||
Растојание | 256,9 км | ||
Време | 6ч 04' 28" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Том Бонен (БЕЛ) | (Омега Парма-Квик Степ) | |
Втор | Филипо Поцато (ИТА) | (Фарнезе Вини-Селе Италија) | |
Трет | Алесандро Балан (ИТА) | (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) | |
← 2011 2013 → |
Затвори
Трката била решена со спринт од тројца велосипедисти во самата завршница, каде победил возачот на Омега Парма-Квик Степ Том Бонен,[2] кој со тоа, станал петти возач, кој успеал да победи на трката трипати,[3] и го презел водството во генералниот пласман во Светската турнеја.[4] Бонен завршил пред возачот на Фарнезе Вини-Селе Италија Филипо Поцато и победникот од 2007 Алесандро Балан од Аксент.џобс-Вилемс Веранда, кој го комплетирал подиумот.[5]