Тумба Чебрен
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Тумба Чебрен — археолошко наоѓалиште во историското битолско село Чебрен кое денес потпаѓа во атарот на селото Зовиќ. Претставува населба од римско и доцноантичко време и средниот век. Се наоѓа на околу 3 км западно од селото Зовиќ, на падините на ритчето Марта, на височинка со надморска височина од околу 550 м. Највисокиот дел од височинката е заграден со одбранбени ѕидови, со простор од 700 м2 кој ја означува населбата од римскиот период. Населбата од доцноантичкото време зафаќа простор од 2,4 хектари и е оградена со импозантни одбранбени ѕидови од јужната страна. Егзистирала сè до паѓањето под турска власт, по што е сведена на манастирски комплекс, ограден од трет ѕид кој само се насетува на теренот. Во неговите рамки се населбата, Чебренскиот манастир со црквите „Св. Димитриј“ и „Св. Спас“. Целиот комплекс зафаќа површина од 27 хектари, која од три страни (јужната, западната и северната) е заокружена со Црна Река.[1]
„Тумба Чебрен“ | |
Поглед на местото со Чебренскиот манастир | |
Местоположба | 41°7′0″N 21°42′47″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Чебрен |
Општина | Новаци |
Тип |
|
Период | римско време |
доцноантичко време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |