Унгарски јазик
јазик застапен во и околу Унгарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Унгарски јазик (унг. magyar nyelv listenⓘ) — јазик дел групата на угрофински јазици од фамилијата на уралски јазици, неповрзан со голем дел од европските јазици. Воглавно јазикот се зборува во Унгарија и од унгарските малцинства во околните држави.
Кратки факти Унгарски јазик, Изговор ...
Унгарски јазик | |
---|---|
Magyar | |
Изговор | мaѓор [ˈmɒɟɒr̪] |
Застапен во | Унгарија и делови од Романија, Словачка, Србија, Украина, Хрватска, Австрија и Словенија |
Говорници | 14,5 милиони |
Јазично семејство | Уралско
|
Писмо | Унгарска латиница |
Статус | |
Службен во | Унгарија, Европска Унија, Словенија (регионален јазик), Србија (Војводина), Австрија (Градиште), разни места во Романија (главно Трансилванија), некои официјални права во Хрватска, Словачка и Украина (Закарпатија) |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | hu |
ISO 639-2 | hun |
ISO 639-3 | hun |
Затвори
Како мајчин, јазикот го зборуваат околу 14,5 милиони луѓе, од кои 9.5 до 10 милиони живеат во Унгарија. Два милиони говорители живеат во околните држави, поранешни територии на кралството Унгарија. Во соседството, најмногу Унгарци има во Романија каде има околу 1,4 милиони. Покрај Романија, унгарско малцинство има и во Словачка, Србија (поточно Војводина), Украина, Хрватска, Австрија и Словенија и околу еден милион во остатокот од светот.