ФК Бенфика
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Бенфика е португалски фудбалски клуб од Лисабон, кој во моментов се натпреварува во највисоката категорија на португалскиот фудбал, Примеира лига.
Бенфика | |||
---|---|---|---|
Основан | 28 февруари 1904 | ||
Стадион | Стадион Луж Лисабон, Португалија | ||
Капацитет | 64,642 | ||
Сопственик | Луис Филипе Виеира | ||
Тренер | Руи Виторија | ||
Лига | Примеира лига | ||
2023-2024 | Примеира лига, 2. | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Клубот е основан на 28 февруари 1904, од група на луѓе предводени од Косме Дамиао. Бенфика е еден од таканаречената голема тројка клубови во Португалија кој никогаш не испаднале од Првата лига на оваа држава заедно со Порто и Спортинг Лисабон. Тие се исто така најуспешниот клуб во Португалија со освоени 78 титули во домашните и меѓународните натпреварување. Во нив спаѓаат рекордни 35 титули Шампион на Португалија, рекордни 25 титули освојувач на Купот на Португалија, рекордни 7 титули освојувач на Лига купот на Португалија, 6 Суперкупа на Португалија и 3 титули Кампеонато на Португалија. Исто така, Бенфика е и двократен европски шампион, освојувајќи го Европскиот куп на шампиони во две години едноподруго во 1961 и 1962 година. Клубот играл уште 5 пати во финалето на Европскиот куп во 1963, 1965, 1968, 1988 и 1990 и уште трипати во финалето на Купот на УЕФА или Лигата на Европа во 1983, 2013 и 2014 година.
Бенфика била рангирана како дванаестти клуб по успешност на списокот на ФИФА за најдобри клубови на 20 век.[1] Најдобар стрелец на клубот е Еузебио кој освоил една златна топка и две златни копачки за време на периодот додека настапувал за клубот.
Својте домашни натпревари Бенфика ги игра на Стадионот Луж, кој има капацитет од 64,642 седечки места. Играат во црвени дресови и бели шорцеви.