ФК Палермо
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Палермо или само Палермо е италијански фудбалски клуб од Палермо, Сицилија, кој се натпреварува во Серија Ц. Формиран во 1900 година како Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб, клубот имал различни имиња, а последното го добиле во 2019 по банкротот и испаѓањето во Серија Д.
Палермо | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Палермо Фудбал Клуб | |||
Прекар | Росанеро (розово-црни) | |||
Основан | 1900 како Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб 1987 како УС Чита Палермо 2019 како ФК Палермо | |||
Стадион | Стадион Ренцо Барбера Палермо, Италија | |||
Капацитет | 36,349 | |||
Сопственик | Маурицио Ѕампарини | |||
Тренер | Роберто Стелоне | |||
Лига | Серија Б | |||
2022-23 | Серија Б, 9-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Палермо е на најдобро рангиран фудбалски клуб од островот Сицилија. Во текот на својата историја, Палермо играл во сите професионални лиги на Италија, и учествувал во неколку сезони во Серија А во текот на 1960-тите и раните 1970-ти, исто така, бил финалист во Купот на Италија двапати во тој период. По нивното враќање во Серија А во 2004 година, клубот станал еден од најистакнатите во Италија, исто така, дал четири играчи во италијанската репрезентација кој победила на Светското првенство 2006. Палермо настапувал во Купот на УЕФА во сезоните 2005-06, 2006-07, 2007-08, стигајќи најдалеку до осминафиналето во првото учество. Во 2011 го губат третото финале во Купот на Италија.
Официјалните бои на тимот се розова и црна боја, кои доведуваат до прекарот росанеро; поретко го користат прекарот Акиле, осврнувајќи се на орелот на официјалното клупско лого.
Палермо ги игра својте натпревари на Стадионот Ренцо Барбера кој од 2007 година има капацитет од 36.349 луѓе.[1] Тој бил првично изграден во 1932 година, но бил реновиран во доцните 1980-ти и служел како место на кое биле играни натпревари од Светското првенство 1990.